Македонија со комплетни ФАДН-податоци

Bez autora
Jun 23 2011

Профитабилноста на земјоделските стопанства е значително ограничена доколку нема поддршка од државата. Ова не е случај само во Македонија, туку генерално, и во земјите-членки на Европската унија. Земјоделските стопанства работат на граница на рентабилност и профитабилност. Ако не постојат субвенциите, многу тешко ќе можат да инвестираат на долг рок. Може да опстојуваат без големи приходи и профити, но тоа не е доволно за да вложуваат на долг рок и да ја подобруваат сопствената состојба. Во насока на креирање што поефикасна аграрна политика и согласно ЕУ-барањата, Македонија интензивно работи на изготвувањето на мрежата на сметководствени податоци од земјоделските стопанства (ФАДН), со цел да се креира здрава и ефикасна аграрна политика. Системот во земјава треба целосно да се воспостави до 2013 година. Со него ќе бидат опфатени вкупно 1.200 земјоделски стопанства. Активностите почнаа лани со анализа на 316 фарми, а продолжија годинава со двојно зголемување на бројот, до 600 стопанства.

Македонија со комплетни ФАДН-податоциПрофитабилноста на земјоделските стопанства е значително ограничена доколку нема поддршка од државата.

Ова не е случај само во Македонија, туку генерално, и во земјите-членки на Европската унија.

- Земјоделските стопанства работат на граница на рентабилност и профитабилност. Ако не постојат субвенциите, многу тешко ќе можат да инвестираат на долг рок. Може да опстојуваат без големи приходи и профити, но тоа не е доволно за да вложуваат на долг рок и да ја подобруваат сопствената состојба - изјави заменик-министерот за земјоделство, Перица Иваноски.

Во насока на креирање што поефикасна аграрна политика и согласно ЕУ-барањата, Македонија интензивно работи на изготвувањето на мрежата на сметководствени податоци од земјоделските стопанства (ФАДН), со цел да се креира здрава и ефикасна аграрна политика. Системот во земјава треба целосно да се воспостави до 2013 година. Со него ќе бидат опфатени вкупно 1.200 земјоделски стопанства. Активностите почнаа лани со анализа на 316 фарми, а продолжија годинава со двојно зголемување на бројот, до 600 стопанства.

При изготвувањето на мрежата се прибираат податоци само од комерцијални земјоделски стопанства, кои остваруваат пазарен вишок врз претходно прецизирани прагови на економска големина. Највисоки се во земјите од Северозападна Европа, а најниски во Југоисточна Европа. Македонија прв пат има комплетни ФАДН-податоци што одговараат на европските стандарди за 2010 година. Целосното етаблирање на мрежата е обврска што Македонија треба да ја исполни како дел од евроинтеграцискиот процес.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik